Зимување во Банско, Бугарија – Банско Спа & Холидејс****

1
Добави коментар
vipsofia
vipsofia

Четириѕвездниот  комплекс „Банско Спа & Холидејс“ е изграден по критериумите на водечките хотелски стандарди. Еден од најафирмираните хотели во градот Банско. Хотелот се наоѓа во западниот дел на градот, само на 160 км. од Софија и на 150 км. од Пловдив. Им нуди на своите гости прекрасен  и величествен поглед кон трите планини Пирин, Рила и Родопи.
 

ЕДНОДНЕВEН ПАКЕТ: 2718 денари (44 €) – 50% = 1359 денари (22 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

Едно ноќевање во двоjна соба

Еден појадок

Една вечера

Користење на базен, сауна, парна бања, контрастен туш, релакс зона

Фитнес

Паркинг

Превоз до почетната станица на жичарницата и назад со возен ред

Осигурување, туристички данок и 9% ДДВ

ИСХРАНА:
Појадок: 07:30 – 10: 00ч – на шведска маса или сет мени, плус кафе, чај, сок, вода.
Вечера: 19:00 – 21: 00ч – на шведска маса или сет мени (без вклучени пијалоци).
Забелешка: Доколку има помалку од 20 гости на хотелот исхраната се извршува по претходно подготвено мени.

 

Модерно декориран, со својата елеганција  и префинетост хотелот располага со 80 двокреветни стандардни соби, 9 двокреветни соби на поткровје, 3 фамилијарни соби и 6 апартмани ( вклучувајќи соба и апартман за лицата со хендикеп ). Сите тие се опремени со телефон, сателитска ТВ, интернет, клима, сеф, мини бар и бања со када и фен. Повеќето од собите имаат и пространи балкони!
Хотелот поседува модерен систем за безбедност, такашто  сите соби се отклучуваат со магнетни чипови. Хотелот „Банско Спа & Празници“ ги импресионира своите гости со разновидноста на допълителните услуги кои ги нуди: рум-сервис, перење, пеглање, фризерски услуги, автомобили и велосипеди за изнајмување, различни патувања, излети, походи во планината, јавање, риболов, рафтинг !!!
Хотелот „Банско Спа & холидејс“ е идеално место за конгресен туризам! Со своите две конференциски сали со капацитет 60 и 100 места, хотелот е погоден за одржување на семинари, конференции, и други организирани настани. Салите се опремени со мултимедија, екран, флипчарт, лаптоп, озвучување.

На ваше располагање се и прекрасно украсените места за хранење и забава: класичен ресторан, традиционална бугарска меана  со национална кујна, лоби со разновидни предлози и одлична услуга!!! Уживајте  во  највкусните  кулинарски задоволства, подготвени од нашите професионални готвачи само кај нас, затоа што нема подобри од таверната на „Банско Спа & Холидејс“.
Хотелот „Банско Спа & Холидејс“ може да се пофали со најмодерниот  Спа центар во традиционален источен стил и атмосфера !!! Овде ќе ве пречекаат нашите професионални терапевти во 18 различни кабинети, за да ви понудат богата гама од масажи и третмани за лице и тело.