Македонски вицове 72 – Забавни статии, стихчета, картинки, вицове, презентации и други смешни неща

1
Добави коментар
mayaiv
mayaiv

Македонски вицове 72

Се запознаваат дечко и девојка.
– Здраво, јас сум Трпе.
– Мило ми е, Тина.
– Од Валентина?
– Не, од курветина.

––
Си биле 3-ца браќа Србин, Американец и Шпанец. И биле договорени сите во ист час да испијат по 3 пива. Влегува Србинов во кафана и му вика на келнерот:
– Дај ми 3 пива.
Овој му дава. И така со ред. По 10 дена келнеров му вика:
– Зошто секогаш пиеш по 3 пива?
Овој му вика:
– Па јас имам 3-ца браќа што се по странство и сме договорени секој ден да пиеме по три пива во ист час.
По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива. Келнеров зачуден му вика:
– Да не умре некој од браќата па што порачуваш две пива?
– Ма не, јас престанав да пијам.

––
Трпе се враќа од годишен одмор. Колегите го прашуваат:
– Трпе, како си помина на одмор?
– Исто како во војната – одговара Трпе.
– Е како тоа? – прашуваат колегите
– Епа така. Јас бев во шумата, а Германците во хотелите.

––
– Жената го има последниот збор во која и да било караница.
– Зошто?
– Затоа што се што потоа ќе каже мажот е почеток на нова караница.