Мъдри мисли на македонски 3 – Забавни статии, стихчета, картинки, вицове, презентации и други смешни неща

8
Добави коментар
mayaiv
mayaiv

Мъдри мисли на македонски 3

Кога некој ќе ти ја земе жената, не постои подобра одмазда да му дозволиш да ја зачува.
На крајот секогаш размислуваме за почетокот.
Љубовта неможе да се опише со 5000 зборови…. но може да се напише со 5 букви.
Ако сакаш да дознаеш какво е чувството да си ѕвезда, седни на врвот од новогодишната елка.
Проститутката е најдобриот трговец; има роба, ја продава, и и останува робата.
Со добро маче секој месец е февруари.
Ако ве погоди метеор, тоа е Божјо дело, но ако ве погоди дожд од метеори тогаш е во прашање невнимание.
Животот е факултет на кој студираме, а смртта приемен испит на кој сите паѓаат.
НЕ! – Најдоброто контрацепциско средство.
Кога на жените треба да им се прочита нешто во очите, тогаш мажите главно се неписмени.
Знаењето е сила, а со сила убавина не бива.
Бракот е како маратон, среќен си кога ќе заврши.
За доброто уво, и комарецот е музика.
Порано жената го чуваше својот невестински фустан за ќерка си, а сега за својата следна венчавка.
Подобро една искрена шлаканица во лице, отколку лицемерен бакнеж.
Елегантна жена е онаа жена која се облекува на кредит, а се соблекува на готовина.
Кога подобро ќе размислам подобро е да не мислам. Штом ќе помислам на нешто веднаш се замислувам.
Понеделник е лош начин да потрошиш 1/7 од животот.
Во овој свет се е релативно, единствено човековата глупост е апсолутна.
Книгата е свето нешто, а светото не се чепка.
Ако Господ не сака да јадеме животни, тогаш зошто ги направил од храна?
Позајмувајте пари само од песимистите, тие не очекуваат дека ќе им ги вратите.
Денешната медицина е навистина напредната. За секој лек успеваат да пронајдат болест.
Весел моторциклист се познава по мушичките меѓу забите.

Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)